Вардар 1961 во полуфиналето на Купот на Македонија за противник ќе го има тимот на Алкалоид. Станува збор за противник кој прв успеа да му нанесе пораз на актуелниот македонски првак и бранител на Куп трофејот.
По мечот во Автокоманда, Владо Недановски е претпазлив, со оглед на тоа дека нема поправен.
„Секој меч е нова битка, нова приказна, нов предизвик. На крајот од сезоната нема веќе лесни натпревари. Со Алкалоид сезонава се сретнавме четирипати, и тие покажуваат дека напредуваат од меч во меч. Секој ривал го репсектираме, и така е секогаш. Знаеме дека Купот е меч во кој нема поправен. Решаваат нијаси во квалитетот. Пред нас е период на многу важни средби, и целосно сме фокусирани на овој дел од сезоната. Единствено посакувам да бидеме комплетни и здрави, и да покажеме зошто сме освојувачи на двојната круна во Македонија, вели Недановски.
Мечот се игра на 11. мај во СЦ „Билјанини Извори“, ќе биде прв на програмата во полуфиналните мечеви во машка конкуренција.