Некогашните соиграчи Мојсовски-Џомба се сретнаа денес во куќата на спортот. Темите неисцрпни, моменти од сеќавања полни со емоции. Мојсовски во улога на директор на Агенцијата за млади и спорт, му додели благодарница на Гоце Георгиевски за придонес во македонскиот ракомет.
„Задоволството од носење на националниот дрес е непроценливо”, беше заедничко мислење на двете ракометни легенди.
Неговото пензионирање од националниот тим, доаѓа во време на подмладување на ракометната репрезентација, кое емотивно се случи изминатиов викенд, на квалификациониот натпревар со Турција.
Во изминативе 16 години беше неизоставен дел од натпреварите на македонскиот национален тим, а нив ги има преку 200.