„Метлата“ е подготвена, десетмина си заминуваат од Челзи

2272

Она што сезонава се случува со тимот на Челзи на резултатски план секако дека нема да остане без последици. Сезоната ќе се докрајчи со овој состав, а потоа, на лето следува сериозен „рез“ во тимот и заминувања на многу играчи.

Во прв ред тоа ќе бидат оние со огромни плати, а лоши изведби. Калиду Кулибали има огромни примања, а не игра речиси ништо и тој е прв на списокот. Тревор Чалоба исто така е на излезна врата.

Матео Ковачиќ има уште една година договор, но и тој не задоволува со игрите, па доколку има заинтересирани веднаш ќе биде продаден. Рубен Лофтус Чик и Калум Хадсон Одои исто така се во оваа категорија.

Кристијан Пулишиќ ни оддалеку не е она што треба да биде, како и Хаким Зијеш. И двајцата мораа да ја имаат улогата на лидери на тимот. Конечнио, Пјер Емерик Обамејанг нема преголема минутажа, па логично е тој летово да се врати на Ноу Камп од каде што и дојде.

Давид Датро Фофана и Луис Хол дефинитивно ќе заминат на позајмица.

 

 

ПретходноКошаркарите стартуваат против Израел
СледноМилнер од лето во Брајтон