Кошаркарите стартуваат против Израел

159

ФИБА денеска го објави распоредот на одигрување на мечевите за време на претквалификациските турнири за место на Олимпијадата во Париз.

Македонија својот турнир го игра во Талин, Естонија каде што својот пат го започнува на 12 август со дуелот против Израел. Како дел од првото коло е и дуелот Естонија – Чешка.

На 13 агуст пак, Македонија го игра вториот дуел, оној против Естонија, за да на 15. го заокружиме овој циклус мечеви со дуелот против Чешка.

Првопласираните две репрезентации по трите натпреварувачки денови во групата „А“ во Талин, ќе обезбедат пласман во полуфиналната фаза која ќе се игра во полскиот град Гливице, каде во исто време се закажани натпреварите од групата „Б“ од европската зона.

 

ПретходноФанатици: Корнеа парчиња од тревата на теренот во Удине и ги ставаа во најлони за долго сеќавање! (ВИДЕО)
Следно„Метлата“ е подготвена, десетмина си заминуваат од Челзи