Димитријевиќ донесе победа на Уникс Казан!

316

Ненад Димитријевиќ повторно имаше главна улога во една победа на Уникс Казан оваа сезона. Македонскиот репрезентативец во самиот финиш. „мртов ладен“ ги реализираше двете слободни фрлања за конечни 79-76 на дуелот со Локомотив.

Со оваа победа на домашен терен, Уникс изедначи во финалната серија на 1-1 против Локомотив.

На крајот зад своето име, Димитријевиќ постигна 17 поени, два скока, две асистенции, две загубени топки и четири изгубени.

Уникс беше на работ на пораз, но се врати во последната четвртина и дојде до важен триумф.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Струга Трим Лум)
СледноКоментар на 31.коло: Струга е шампионски град, по 16 години прекината е доминацијата на Скопје и Тетово!