Симеоне: За нас тревата е како дрога!

123

Диего Симеоне беше во Неапол, каде гледаше како неговиот син Џовани како добива признание за освоената титула во италијанската лига. Присуството на славниот тренер на Атлетико новинарите го искористија за разговор.

Во него Симеоне откри дека еден ден би сакал да се врати во Италија, каде помина неколку години играјќи за Пиза, Интер и Лацио. Тој исто така тврди дека му се јавуваат навивачи на Милан и Рим и му посакуваат доаѓање на клупата.

„Имам 53 години и не знам до кога ќе бидам тренер. Можеби уште пет години? Тоа е стресно. Од друга страна, доволни ми се неколку дена одмор за да сакам да се вратам. За нас тренерите тревата е како дрога. Навивачите на Интер и Лацио ми се јавуваат. Кој знае? Би сакал. Имам уште една година од договорот, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Симеоне.

ПретходноКоментар на 31.коло: Струга е шампионски град, по 16 години прекината е доминацијата на Скопје и Тетово!
СледноРФМ ги одреди термините за Купот на Македонија!