Општина „Кисела Вода“ ја презеде салата „Расадник“ и ќе ја реконструира

1455

Скопската општина Кисела Вода ја преседе руинираната спортска сала „Расадник“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека салата е и правно вратена во сопственост на Општината и истата ќе биде реконструирана.
Ја презедовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела Македонија, најави градоначалникот“, изјави градоначалникот.

Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено- црните и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот“, потецнира Ѓорѓиевски.

ПретходноПримил мито за да добие картони – клубот го откри и го отпушти, а полицијата покрена истрага
СледноСпортскиот симбол на Македонија – Вардар, добива рагби клуб!