Пред почетокот на големото дерби од 32. коло на ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Шкендија и Струга Трим Лум во Тетово домаќинот како што е ред и ја честиташе освоената титула сезонава на гостинската екипа.
Како претставник на домашниот табор, спортскиот директор Харун Иса, му подари специјална плакета на претседателот на Струга Трим Лум Арбтрим Ќира со која и се оддава почест на најдобрата екипа во домашниот фудбалски шампионат сезонава.