Ефтовска го прокнижи првиот пораз, Стојковска ја предводи водечката група

98

Леа Ефтовска беше најпријатното изненадување на Првенството на Македонија во шах, кое се игра во Скопје, но во вчерашното 8. коло го доживеа првиот пораз, откако претходно имаше одлични партии и беше лидер на табелата со 5,5 бода од 7 партии.

Во 8. коло таа играше со втората носителка според рејтингот, Ивана Манова, при што во изедначена италијанска партија загуби еден пешак во средишницата, што потоа не можеше да го надомести во топовската завршница.

Наспроти ова, втората претставничка на ШК Алкалоид, ЖФМ Моника Стојковска, со црни фигури ја доби партијата со Викторија Велеска играјќи сицијлијанска одбрана, при што ја матираше противничката во 27 потези. Сега Стојковска ја предводи водечката група на шахистки со освоени 6 поени, а конечниот расплет ќе се знае по денешното последно 9. коло.

 

Отвореното првенство на Македонија, каде што настапуваат шахистите, исто така, е подготвено за драматичен финиш, откако вчерашните дуели на првите четири шахисти донесоа поделба на поенот, па сега на врвот се петмина шахисти со по 5,5 поени. Членовите на ШК Алкалоид, Филип Михов и ВМ Звонко Станојоски, се моментално лидери во таа група според тајбрејк-параметрите, но резултатите од денешното последно коло ќе бидат пресудни за конечниот пласман.

 

ПретходноЛК – 1/2 финале: “Чеканите“ ќе удрат по АЗ Алкмар, Фиорентина фаворит против Базел
СледноАндов: Среќен сум за прволигашкото деби, а Силекс покажа дека е екипа за во Европа