Вардар 1961 на сметка на Пелистер го освои 16. пехар во Купот на Македонија, во финалето славеше со 26-25 и воедно му се реваншираше на противникот за поразот пред една недела.
Веднаш по завршување на мечот, наместо славје настана мала мешаница на теренот. Сусу тргна кон публиката, се стрчааа сите играчи, но ситуацијата беше брзо смирена.