Екипата на Штутгарт не успеа да победи на еден од клучните мечеви сезонава во Бундес лигата, и поради тоа релегацијата во “Цвајта“ е се поизвесна.
Конечниот резултат гласи 1:1, против екипата на Баер Леверкузен. Иако се тргна добро со водството на Гираси во 57. минута, но потоа следуваше пеналот за гостите и реализацијата на Паласиос.
До крајот Штутгарт не успеа повторно да постигне гол и да ги освои трите бода, што е го извлечеа од опасната зона. Вака, со 29. бода и 17. место, има уште работа сезонава.