Едноставно најдобри. Историски успех на Струга ТЛ, и затоа пехарот е во рацете на играчите, тренерите и раководството на најдобриот тим во Македонија.
Титиула чиста како солза за клубот кој постои само осум години.
Крунисувањето дојде веднаш по мечот со Шкупи, последен во оваа сезона, победа од 2:1, со стил беше завршена шампионската титула.
Потоа следуваше и големото славје покрај езерото на шампионите.
Нема што, ЧЕСТИТКИ ЗА ШАМПИОНИТЕ, за НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА.