Само два порази, 20 победи и 8 ремија на 30 натпревари, и прво место од 1.коло до последното со 68 бодови, десет повеќе од вториот Шкупи.
Ова е билансот на Струга ТЛ, новиот шампион во ПМФЛ. Ова е историски успех на клубот кој ја одигра само четвртата сезона во елитата и клуб кој постои од 2015 година.
Струга како град има зошто да биде горда, Струга сега е шампионски град.
И затоа оваа фотографија, со пехарот, е фото на денот.
Ова е момент за историја…