Новаци и Ставревски сакаат втора лига

1839

Тимот на Новаци веќе имаше статус на второлигаш свевремено, а ете пролетва ќе има можност истиот да го повтори. Тимот од Битолската околина се пласираше на првото место во својот регион и како таков ќе биде дел од баражот за пласман во ранг погоре.

Тимот е составен од млади но и искусни фудбалери, дел и некогашни прволигашки играчи, а на клупата седи ни помалку ни повеќе туку некогашниот наш репрезентативец и интернационалец Горан Ставревски.

Сите се сеќаваат на неговите игри во А репрезентацијата, а секако и на неговите настапи во Хрватска и Турција, а ете сега популарниот Ставре очигледно гради и тренерска кариера.

 

ПретходноГвардиола: Одигравме одличен меч против Евертон (ВИДЕО)
СледноГрималдо од Бенфика и официјално во Баер Леверкузен