Досегашниот лев бек на тимот на Бенфика, Алехандро Грималдо е нов член на тимот на Баер Леверкузен. Тој како слободен играчи го напушта Лисабон и се приклучува на Бундеслигашот до 2027 година до кога што е важечки тукушто потпишаниот договор.
„Сигурен сум дека ова е едно ново, фантастично поглавје од мојата кариера. Пресреќен сум“ – изјави Грималдо на промоцијата.
Тој е дете на Барселона, за чиј што тор тим одигра неколку сезони пред да пристигне во Бенфика за која одигра скоро двеста мечеви. Своевремено имаше статус на младински репрезентативец на Шпанија.