Европската ракометна федерација го потврди распоредот за претстојното Европско првенство 2024.
Нашите ракометари се најдоа во групата А заедно со Франција, Германија и Швајцарија.
Првиот меч, Кирил Лазаров и неговите избраници првиот меч го играат на “Меркур шпил” арена во Дизелдорф, на кој Германија, домаќинот на ЕП планира да го урне рекордот на посетеност на еден натпревар, се очекува да бидат присутни 50.000 навивачи.
Македонија и Франција први ќе истрчаат мечот се игра на 10 јануари во 18 часот. Ќе следи пауза од четири дена, на 14 јануари следи мечот со Германија, два дена подоцна е дуелот со Швајцарија.
Само првите две репрезентации од групите одат во главната рунда.