Новиот шпански шампион, Барселона ќе има нов спортски директор.
Клубот денеска објави дека Жорди Кројф ќе си замине ова лето, кога ќе му истече договорот. Барселона наведува дека Кројф избрал да бара други предизвици по две сезони минати во клубот.
Жорди Кројф дојде во Барселона од кинески Шенжен во септември 2021 година, а меѓу другото помогна во клубот да се донесат неколку играчи. Неодамна, Барселона објави дека директорот Матеу Алемани ќе го напушти клубот ова лето, а оттогаш се шпекулира дека тоа е причината за заминувањето и на Кројф.
Сега Барселона е без фудбалски и спортски директор пред летниот преоден рок.