Три африкански земји тврдат дека ќе бидат домаќини на Гран При трка во Формула 1 шампионатот. Покрај Јужна Африка која конкурира со две локации, во игра се и Руанда и Мароко.
Одржување на трка на патека во близина на Јоханесбург, која веќе беше домаќин на Гран при низ историјата ќе биде можно веќе во 2024 година, но договорот бара поддршка од јужноафриканските власти.
Како опција е и урбана трка во Сеул во Ј. Кореја, но за нејзино одржување ќе биде потребен поголем период на адаптација. Има гласини и за одржување на Голема награда во Колумбија и Виетнам.