УЕФА ќе и дозволи на Џирона да игра во Европа, ако стигне до таму

1406

Шпанската Џирона ќе може да игра во европските купови идната сезона доколку стигне до таму, пренесува „Ел Мундо Депортиво“. Според изворот, оваа одлука е од УЕФА бидејќи Сити Груп поседува помалку од 50 отсто од акциите на клубот со што не се прекршени правилата кои велат дека два клуба со ист сопственик не смеат да играат во УЕФА натпреварувањата, па дури и да се во различни Купови.

Како што знаете Сити Груп го поседува Манчестер Сити, а англискиот клуб ќе настапува во Лигата на шампионите идната сезона.

Џирона моментално има 48 поени и е на седмото место во Ла Лига и ако остане тука ќе игра во Лигата на конференции. Пред Џирона е Бетис кој има 55 поени, а зад нив се Атлетик Билбао, Осасуна и Севиља кои имаат по 47 поени.

До крајот на сезоната Џирона ќе игра со Виљареал, Селта, Бетис и Осасуна.

 

 

ПретходноДимитријевиќ и Уникс се шампиони на ВТБ лигата
СледноДимитријевиќ е МВП на плеј-офот во ВТБ лигата