За прв пат распродадени билетите за женското финале во ЛШ

218

Овогодишното финале на Лигата на шампиони за фудбалерки помеѓу Барселона и Волфсбург е прво финале во историјата кое ќе се игра пред полни трибини.Местото на одигрување на финалниот меч е „Филипс“ стадионот во Ајндховен, а датумот е 3 јуни и веќе се распродадемни сите 34.100 билети.

„Ова е прв пат во потполност да ги продадеме билетите за финалето на ЛШ за жени и тоа неколку недели однапред што е само знак дека достигнавме ново ниво“, изјави Надин Кеслер, извршната директорка за женски фудбал на УЕФА.

Барселона трет пат по ред ќе игра финале во ЛШ, а единствениот трофеј го освои во 2021 година.Волфсбург беше првак во 2013 и 2014 година.

 

ПретходноБорнмут го купи Траоре за 30 милиони евра
Следно„Нероаѕурите“ по 13 години во финалето на ЛШ!