Украински фудбалер за Ѓоковиќ: Вистински Украинец никогаш нема да седне до тоа ГО*НО!!!

1231

Повеќе од 15 месеци Украина е под агресија од Русија. Украинскиот народ херојски си ја брани својата земја. Во таа битка учествуваат и голем број познати спортисти. Сепак, повеќе кои се во странство од надвор ги коментираат настаните во својата земја.

Исто така голем број украински спортисти и познати личности преку своите социјални мрежи даваат коментари за тоа што се случува околу војната во нивната земја.

Еден од тие е Роман Зозула, некогашен репрезентативец на својата земја кој сега игра во Шпанија.

Тој за моментот кој беше овековечен на „Сан Сиро“ од првиот меч меѓу Милан и Интер во ЛШ, каде еден покрај друг седеа Андриј Шевченко и Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм покрај другото напиша:

Ако некој наш амбасадор е повикан да учествува на некоја манифестација тој мора да внимава до кого седи, и тоа поради својата земја. Јас не можам да сфатам да тој наш амбасадор е во близина до некое лице кои има изразити проруски ставови. Знаеше ли Шевченко до кого седеше на тој натпревар во Милано? Вистински Украинец нема никогаш да седне до тоа ГО*НО, до Ѓоковиќ кој и тој и неговиот татко имаат, благо кажано, активни русофилски ставови. Ние бараме од цел свет да застане покрај нас а нашиот амбасадор се фотографира со личности кои не кријат дека активно се на страната на Русија“.

ПретходноОфицијално: Откажана е Ф1 трката во Имола!
Следно“Кралевите“ службено ќе го загубат мечот со Гетафе поради неправилна измена!?