Њукасл „гази“ кон Лигата на шампионите (ВИДEO)

85

Фудбалерите на Њукасл на домашен терен го победија Брајтон со 4:1 во меч од 25. коло на Премиер лигата. Со овој триумф „страчките“ направија голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите. На две кола пред крајот тие го заземаат третото место на табелата со 69 бодови, што е три повеќе и меч повеќе од Манчестер Јунајтед и четири од петтопласираниот Ливерпул.

Брајтон остана на шестата позиција со 58 бодови.

Головите за Њукасл ги постигнаа Ундав (аг 22’),  Де Бурн (45+4’), Алмирон (90’) и Бруно Гимараеш (90+1’. Единствениот гол за гостите беше дело на Ундав.

ПретходноДок Риверс ќе седне на клупата на Милвоки?
СледноКЛ: Вест Хем по 24 години повторно ќе се бори за европски трофеј