Рекордерот по бројот на освоени трофеи во Лигата на Европа, Шпанска Севиља, ќе го игра и седмото финале во ова натпреварување, откако вчерва по 120 минути успеа да го елиминира тимот на Јувентус, совладувајќи го со 2:1.
Во регуларните 90 минути средбата заврши идентично како и на првиот меч (1:1), по што мораше да се одиграат дополнителни 30 минути за да се добие вториот финалист, кој ќе се сретне со Рома во големото финале.
Моментот на одлука беше во 95. минута, кога Ламела успеа да погоди за 2:1, што на крајот беше доволно за ново финале за момците од Андалузија. Во регуларниот дел Јувенус прв поведе преку Влаховиќ во 65. минута, но домашните преку Сусо израмнија веќе во 71. минута.
Севиља досега одигра шест финалиња во Лигата на Европа и во сите славеше. Последниот трофеј од ова натпреварување го освои во 2020 година.