Денвер – ЛА Лејкерс 2:0: Никола Јокиќ е од некоја друга планета, Србинот ги “шекна“ Леброн и компанија! (ВИДЕО)

9325

Уште една историска вечер за Никола Јокиќ, сигурно најдобриот кошаркар во моментов во НБА, едноставно му нема рамен. Тој и неговиот Денвер во вториот меч во финалето од плеј – офот на западот сега водат со 2:0 се пред пласман во големото финале.

Уште една историска партија на Србинот со која ги “шекна“ Леброн и компанија. “Нагетси“ победија со 108:103 и сега со 2:0 патуваат во Лос Анџелес.

Импресивен беше билансот на Никола и на овој втор меч во серијата, уште еден којзнае по кој пат трипл-дабл, со 23 поени, 17 скокови и 12 асистенции.

Едноставно Србинот е од некоја друга планета…

Сега му недостига уште еден трипл-дабл за да го стигне историскиот рекорд на Вилт Чембрлен од 1967 година кој имаше седум трипл-дабл во еден плеј-оф.

Претходно„Виолетовите“ по три децении ќе играат ново европско финале
СледноХаос во Алкмар: Фудбалерите на Вест Хем се тепаа со редарите за да ги спасат своите семејства! (ВИДЕО)