За финалето во Истанбул: На трибините на “Ататурк“ ќе има по 20.000 фанови на Интер и Сити!

482

На 10 јуни во Истанбул ќе се одигра финалето во Лигата на Шампионите и тоа меѓу Интер и Манчестер Сити. Со оглед на тоа дека капацитетот на стадионот „Ататурк“ за овој меч е 72.000 гледачи, УЕФА одлучи како ќе ги распредели билетите за ова финале. Имено по 20.000 билети ќе добијат екипите финалисти Интер и Манчестер Сити кои потоа ќе ги продаваат на своите фанови.

Прашањето е каде ќе одат преостанатите 32.000 билети. УЕФА ќе организира лотарија за 7.500 билети преку својата веб – страна. Додека останатите 24.500 билети ќе бидат за организаторот, претставниците и партнерите на УЕФА, националните федерации и ТВ претставниците.

ПретходноЧетири желби: Почнува битката за Каунас!
СледноЈована Мицевска се сели во Романија!