Тренерот на нашиот Дијамант Елиф Елмас, стратегот кој по цели 33 години му ја донесе титулата на Наполи, и тоа како серизно размислува да го напушти новиот шампио на Италија. Се разбира дека станува збор за Лучано Спалети кој, како што пишуваат италијанските медиуми, бил многу лут на газдата на клубот Аурелио Де Лаурентис кој пред неколку денови направил скандал откако еднострано го објавил продолжувањето на договорот со Спалети.
Се разбира преку ова стратегот не може да мине, па и затоа засилените шпекулации дека тој себеси не се гледа и понатаму во Наполи.
Инаку по оваа информација веднаш излегоа информациите дека ако Спалети си замине, тогаш Де Лаурентис ќе преговара со Антонио Конте да дојде во градот под Везув.