Не помина многу по поразот на тимот на Јувентус во полуфиналето од Лигата на Европа, а јавноста во Италија да не почне наголемо да пишува за катастрофалната атсмосфера во соблекувалната на тимот.
Поточно, за сега веќе сериозниот конфликт на релација играчи – тренер. Ситуацијата е дотаму дојде што по поразот од Севиља, кој реално и не смееше да се случи, подготвен е вистински пуч против тренерот Масимилиано Алегри. Истиот е сконцентриран околу три звезди на клубот, Анхел Ди Мариа, Хуан Квадрадо и Федерико Киеза.
Сите тројца, а и оние кои стојат зад нив му замеруваат на Алегри како е воден мечот против Севиља, и за очигледните тактички грешки кои се направени. Па така, иако со голот на Душан Влаховиќ на дваесетина минути до крајот Јуве поведе, сепак, следуваа серија на лоши одлуки на Алегри, па Севиља израмни, а потоа и поведе во продолжението.
„Република“ тврди дека Квадрадо е бесен што не е играно „висок пресинг“ на овој меч, додека пак Ди Мариа што беше единствен напаѓач со речиси никаква помош од својот тим. Киеза пак тврдел дека во формацијата 3-5-2 едноставно не може да го даде најдоброто од себе.