Поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски ја продолжи соработката со полскиот прволигаш Горњик од Забже до летото 2025 година. Членот на шампионската генерација на Германија од 2014 пред две години го засили вториот најтрофеен полски клуб и до сега постигна 16 гола и 13 асистенции, па уште две сезони ќе биде на располагање на овој тим.
Со новиот договор тој ќе игра до 40-тата година.
Инаку Подолски е роден во полскиот град Гливице, а кариерата ја почна во Келн. Играше за првиот тим од 2003 до 2006 година, а потоа и за Баерн Минхен, па се врати во Келн, беше и во Арсенал, Галатасарај, Висел Кобе, Анталијаспор па во Горњик.
За Германија има 130 меча и 49 голови.