Тимот на Денвер Нагетс поведе синоќа со 3:0 во финалната серија на Западната конференција во НБА лигата и создаде предност која е речиси невозможно да се анулира.
На гостински терен во Лос Анџелес, Денвер пристигна до водство од 2:0, и со огромен протисок како од јавноста, така и од домашната публика, кој и тоа како Нагетски го издржаа и покажаа дека се легитимни претенденти за титулата сезонава.
Мареј овојпат го предводеше својот тим со 37 поени седум скока и шест асистенции, додека пак Ентони Дејвис кај домаќинот најдобар со 28 поени и 18 скока. Никола Јокиќ овојпат стигна до 24 поени шест скока и осум асистенции, додека пак Леброн Џејмс застана на 23 коша, седум скока и дванаесет додавања.
Денвер со една нога е во големото финале, со трите победи во конференциското финално разигрување, а на Лејкерси ќе им треба чудо за да ја свртат оваа ситуација во своја корист.