Денеска на Гратскиот стадион во Кавадарци со почеток од 17:00 часот се игра бараж дуелот за пополнување на последното место од ПМФЛ конкуренцијата за следната сезона.
Во него, како што е добро познато се среќаваат екипите на Вардар и Скопје. „Црвено – црниот табор како третопласиран од ВМФЛ конкуренцијата, додека пак Скопје како претпоследен од првата лига со оглед на фактот што Ренова одамна се откажа од учевство.
Нештата се сосема јасни. Вардар по неуспешниот обид да се пласира во „елитатата“ по регуларен пат, односно да освои едно од првите две места на табелата во втората лига, кои припаднаа на екипите на Воска односно Гостивар сега преку бараж мечот ќе се обиде да се врати онаму каде што му е местото. Од друга страна пак, Скопје многупати во својата историја бил во ваква ситуација, (за разлика од Вардар), што ќе рече дека статистички, искуството е на страната на тимот од Автокоманда.
За Вардар ова е да се биде или не. Едноставно, најтрофејниот клуб во Македонија во овој бараж меч гледа сламка на спасот од агонијата во која што се дави со години веќе. Беспарицата и организацискиот колапс го направија своето, и Вардар доколку остане и натаму второлигаш прашање е дали воопшто и ќе ја започне следната сезона.
Од друга страна Скопје е тим кој никогаш лесно не се предавал, напротив, вакви бараж мечеви за „Пиратите“ се рутина.
Се подготвува инвазија на Комити во Кавадарци
Што се однесува пак до навивачите на Вардар, Комитите да денеска подготвуваат вистиска инвазија на Кавадарци. Планирани се дваесетина автобуси да тргнат на пат, а дел од навивачите секако ќе пристгинат и во сосптвена режија.