Артета: Боли многу! Им се извинувам на навивачите!

253

Нотингем Форест го победи Арсенал со 1-0 во претпоследното 37. коло во Премиер лигата, дозволувајќи му на Манчестер Сити да ја одбрани титулата во Англија бидејќи има недостижна предност од четири бода. Тренерот на Арсенал, Микел Артета по мечот им ја честита титулата на „граѓаните“.

„Мораме да му честитаме на Манчестер Сити. Ова беше неверојатно патување за нас кое траеше десет месеци, долго време бевме пред Сити. Научивме големи лекции, се променивме во клубот, направивме голем чекор, првенството требаше да биде шлаг на тортата, но не успеавме“, изјави Артета за Би-Би-Си.

Во изјава за Sky Sports, тој не го криеше своето разочарување.

“Ова е фудбал. Ова е многу тажен ден. Работевме 11 месеци и бевме на врвот толку долго. Се боревме, но тоа не беше доволно. Мораме да се опоравиме , ова многу боли. Морам да најдам начин како ќе ги подигнам играчите. Пред нас е тешка недела. Поради индивидуални грешки изгубивме бодови на неколку натпревари.

Во тие три-четири натпревари се тргна наопаку. Прашината нема да се спушти до лето. Разочарани сме од она што се случи, но и горди бидејќи притискавме до крај. Ние сме виновни, направивме грешки во натпреварите што требаше да ги добиеме“.

Долго време лондонскиот клуб беше водечка екипа во Премиер лигата, дури 248 дена, но на крајот од сезоната ќе мора да се задоволи со второто место во рангирањето. Арсенал претходно го опиша како успех, но факт е дека навивачите се надеваа на конечен триумф, особено со толку многу време поминато на врвот на табелата.

“Се извинувам. Верував дека можеме да ја освоиме титулата. Играчите не ја освоија и тоа е моја одговорност. Кога ќе стигнете до април и мај, треба да имате подготвени 24 играчи. Ние ги немавме од различни причини”, рече шпанскиот стручњак.

ПретходноОдлично судење во финалето на Стојчевски и неговите помошници!
СледноУтре на Јуве ќе му одземат 12 бодови, се чека казната и од УЕФА!