Екипата на Лидс впиша пораз од Вест Хем и се најде во ситуација да се врати во Чемпионшип дивизијата. Јоркширскиот тим е во опасната зона на коло пред крајот на сезоната и со чудо можат да се извлечат.
Лидс има трнлива сезона, никако да ја стабилизира екипата и резултатите. „Белите“ имаа најлош ефект на гостувањата кај лондонските екипи во Премиер лигата. Ги загуби сите седум.
Прво со 5:2 од Брентфорд, потоа 2:1 од Палас, па 4:3 против Тотенхем, па 1:0 од Челзи, па 4:1 од Арсенал, 2:1 од Фулам и денеска 3:1 од Вест Хем.
Во последното коло Лидс ќе мора да го победи Тотенхем на домашен терен и притоа да чека кикс на Евертон за да се спаси.
Kога сме кај Премиер лигата уште еден интересен податок.
Четврти пат во историјата ниту еден од новаците во елитата не испаѓа во понизок ранг. Нотингем Форест, Фулам и Борнмут кои минатата сезона изборија промоција од Чемпионшип во Премиер лигата успеаа да го задржат премиерлигашкиот статус.
Тоа се случува четврти пат во Премиер лигата после сезоните 2001/02, 2011/12 и 2017/18.