Имобиле од пенал за победа на Лацио, Несторовски погоди, но од офсајд (ВИДЕО)

233

Со голот на Чиро Имобиле од белата точка во 61. минута, Лацио дојде до важни три бода во битката за место во Лигата на шампионите следната сезона. „Лацијалите“ денеска на гостувањето кај Удинезе славеа со 1:0 и конечно победија по пауза од два меча без победа во Серија А.

Удинезе одигра одличен меч, но на крајот немаше среќа да се избори барем за реми. Нашиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски доби шанса во последните 20 минути на мечот, па дури и постигна гол за израмнување, но судијата го поништи поради очигледен офсајд.

Удинезе останува на 12. место во „златната средина“ на табелата во Италија.

ПретходноЛидс сезонава ги загуби сите натпревари во Лондон
СледноДва гола на Мбапе во две минути за победа на ПСЖ (ВИДЕО)