И официјално, ждрепката за баражите за пополнување на Втората лига за сезоната 2023/24 ќе се одржи в четврток во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
Во шеширот се екипите на Тетекс од втората лига, како и победниците на регионите или третите лиги и тоа Башкими (Куманово), Влазерими (Кичево), Новаци (Новаци), Вардар (Неготино) и Осогово (Кочани).
Веднаш по ждрепката ќе се знаат и стадините и градовите каде ќе се играат натпреварите кои се закажани за во недела (28 мај 2023).
Трите победнички екипи ќе се пласираат во ВМФЛ, како и две од трите поразени. Значи вкупно пет екипи од овие шест во наредната сезона ќе играат во втората лига.