Интересно беше вчера на прославата на новата титула на Манчестер Сити. Имено по доделувањето на пехарот на “граѓаните“ како старо – нови шампиони во Премиерлигата, стотина, па и илјадници фанови на Сити влетаа на теренот. Еден од нив, како што го „уловија“ камерите неверјатно наликува на Џек Грилиш, ѕвездата на Сити и репрезентацијата на Англија, дури има и иста фризура. Интересно беше што тој ги “насамари“ и дел од новинарите кои побрзаа да му земат изјава, ама после сфатија дека тој е само двојникот на Грилиш.
Урнебесно…
The poundland jack Grealish#ManchesterCity #grealish #haaland #guardiola pic.twitter.com/tBrWgpEZyC
— pat (@PatelBropodcast) May 21, 2023