Љафтов пред Украина: Силни се, но и ние сме искусни и знаеме што можеме

236

Одбојкарската репрезентација на Македонија во сабота на гости во Лоѓ, Полска ги почнува настапите во Европската Златна лига. Прв ривал ќе ни биде селекцијата на Украина.

Избраниците на селекторот Миленкоски, во Скопје ги привршуваат подготовките пред првиот меч. Еден од нашите најдобри одбојкари, интернационалецот Александар Љафтов за очекувањата од дуелот со Украинците и стартот на Златната лига вели:

„Викендов не очекува дуелот со Украина, натпревари за кои се подготвуваме веќе трета недела. Мислам дека сме подготвени, полни со желба и ентузијазам. Украина е силен противник, но ние сме искусна селекција, со нов селектор. Работиме можеби во досега најдобри услови, со многу желба на тренинг, дисциплина, и навистина верувам дека ќе направиме добри резултати“.

Дуелот со Украинците е прв од оние шест во групата со Хрватска и Белгија против кои ќе се обидеме да дојдеме до место кое може да не однесе и на Ф4 турнирот.

ПретходноИталијански фудбалер се удави во канал во Амстердам
СледноСлот ќе го напушти Феенорд за да го предводи Тотенхем