Американскиот одбојкар Дејвид Смит со својот тим Заксе стана европски клупски шампион, а тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Смит е роден со тешко оштетување на слухот – не слуша од 80 до 90 отсто на двете уши, меѓутоа тоа не му пречи успешно да се занимава со спорт и да реди победи.
Веќе е на 38 години, тој е вистински модел за децата со оштетен слух и потврда дека тој хендикеп не смее да биде препрека за нормално функционирање, во случајов да се биде врвен спортист. Тој не само што стана европски шампион туку ја доби наградата за најдобар во ЛШ.
Во финалето со Јастрежебски во финалето во Торино, со негов напад беше потврдена победата и трофејот. Закса и Смит трета сезона по ред се шампиони на Европа.
Инаку Смит беше дел од репрезентацијата на САД која освои злато на СП во 2015, бронза на ОИ во Рио.
38-letni David Smith MVP finału Ligi Mistrzów. 👏
Za film dokumentalny o jego karierze oddałbym wiele. Wszystko co najpiękniejsze zaczęło się u niego po 30-stce, bo medal IO, MŚ… i ta ZŁOTA HISTORIA z ZAKSĄ, coś naprawdę naprawdę pięknego! 💪
WZÓR. 🔝
📸: CEV.#CLvolleyM pic.twitter.com/enlGiCA2AE
— Jakub Balcerzak (@Jakub110Jakub) May 21, 2023