Кристијано Роналдо повеќе не може да издржи во Саудиска Арабија, тврди каталонски Мундо Депортиво. Португалскиот напаѓач кој пред пет месеци го потпиша најголемиот договор во историјата со Ал Наср, вреден 200 милиони евра по сезона, сега веќе размислува поинаку.
„Португалецот ја виде реалноста на саудискиот клуб и особено ситуацијата во земјата каде инфраструктурата е далеку од модерното општество. Затоа луѓето од неговата околина почнуваат да зборуваат дека сака да замине и да се врати во Европа или да бара други предизвици“, пишува Мундо Депортиво.
Роналдо, кој за саудискиот клуб одигра 17 натпревари и постигна 13 гола, има уште две години договор. Доколку реши предвреме да си замине без валидна причина, мора да плати обештетување на клубот и исто така ќе биде казнет со четиримесечна забрана за игра.