Триминутно лудило на Бостон, Мајами без решение за Тејтум (ВИДЕО)

401

Мајами Хит не успеа да ја заврши серијата во финалето на Истокот во првиот обид. Селтикси го добија четвртиот натпревар, славеа со 116:99 и ја намалија негативата на 3:1, обезбедија барем уште еден натпревар во Бостон, кој ќе се одигра во четврток навечер.

Мајами имаше девет поени предност во третата четвртина по што Селтикси тргнаа во серија од 18:0 во следните три минути за пресврт на натпреварот. Ќе им требаат уште многу такви периоди за пресврт во серијата.

Во историјата на НБА плејофот околу 150 екипи имале негатива од 3:0, а ниту една не успеала целосно да се врати, последен пример за ова е ЛА Лејкерс, кој бешеелиминирани од Денвер Нагетс.

Добра вест за Селтикси е што до крајот треба да победат „само“ еднаш во Мајами, а двапати пред своите навивачи.

Џејсон Тејтум со 33 поени, 11 скока и седум асистенции беше предводник на Бостон, додека кај Мајами најзабележителен беше Џими Батлер со 29 поени, девет скока и пет асистенции.

ПретходноВо Реал е цела кариера, но дојде време да не одговори на новата понуда!
СледноВинисиус полуде поради расистите, Ла Лига донесе одлука спротивна на правилата!