Конечно се одредени деталите за почетокот на У21 квалификациите на нашата репрезентација. Истите стартуваат наесен со мечот против Шведска на гостински терен, а домаќинот по многу мислење и премислување, конечно одлучи мечот кој е закажан за 8 септември да се игра во градот Јончепинг.
Првично беше решено да се игра во Малме, па домаќинот се премисли поради големата македонска дијаспора во овој град, па мечот го испрати на друго место. Исто така причниот термин од 17:00 часот е поместен за час подоцна, односно за 18:00.
Што се однесува пак до стадионот, се работи за објект со мал капацитет, но доволен за ваков вид на мечеви.