Иако тимот на Мајами Хит во финалето од Источната конференција во рамките од НБА лпеј офот сезонава имаше убедливи 3:0 и беше со едната нога во големото финале тоа на тимот на Бостон очигледно не му пречеше да победи на два дуела по ред и да намали на 3:2.
Во долгата историја на НБА лигата дури 150 пати еден тим имал водство од 3:0 во една плеј оф серија и ниту еднаш не се случило противникот да ја анулира таа предност.
Со конечни 110:97, тимот на Бостон синоќа успеа да слави и да стигне до само една „минус“ победа.
Дерик Вајт имаше учинок од 24 поени, Маркус Смарт додаде еден помалку, додека Џејлен Браун односно Џејсон Татум постигнаа по 21 кош.
Следниот меч од оваа серија се игра на 28 мај, а домаќин е тимот на Мајами.