Откако Рафаел Надал поради повреда нема да игра на овогодинешниот Ролан Гарос, прв фаворит е Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер пристигна во главниот град на Франција, а вчера го одработи првиот тренинг. Фановите дојдоа во голем број да го следат тренингот на еден од најдобрите играчи во историјата, а тој им се заблагодари забавувајќи ги со имитација.
Имено, Ѓоковиќ одлично го симна стилот и начинот на сервирање на својот тренер Горан Иванишевиќ, а публиката се насмеа.
Guess who was Novak imitating 🤪
I didn’t even understand the answer but it was shouted by someone in the crowd and he did it pic.twitter.com/C2C0ihPizv
— rafael_nadal_by_hippo (@rnbyhippo22) May 25, 2023