Шкупи со две засилувања во еден ден: Хамза и Воша нови чаирчани

3506

21-годишниот Арби Воша кој денеска замина од екипата на Македонија ЃП вече се договорил за трансфер во минатогодишниот шампион Шкупи. Левото крило кое е и младински репрезентативец на Македонија во новата сезона ќе биде засилување за чаирчани.

Од таборот на чаирскиот состав доаѓа и информација дека ново име во тимот ќе биде и Хамза Рамани од екипата на Силекс. Дефанзивниот играч за врска се договорил за трансфер во Шкупи во пресрет на новата сезона.

ПретходноДеби на одбојкарките во Сребрената лига: Еден одличен сет и пораз од силната Австрија
СледноПо 38. пат: Бенфика ја освои титулата во Португалија!