Бутел Скопје ќе биде дел од првиот меморијален турнир во чест на прерано починатиот ракометар Денис Тот. Овој турнир ќе се одржи во хрватскиот град Ѓаково, на 3 и 4 јуни.
Покрај македонскиот клуб, кој беше последен за Тот, учество ќе земат домаќинот и матичниот тим на хрватскиот ракометар, Осијек од Хрватска и Грачаница од Босна и Херцеговина.