Попладнево се одиграа сите три бараж средби за пополнување на ВМФЛ. Познати се екипите кои следната сезона ќе играат во второлигашкото друштво. Тоа се Башкими (Куманово), Тетекс (Тетово) и Вардар (Неготино).
Тетекс на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје со 6:1 успеа да го победи составот на Осогово и да остане во Втората лига, значи тетовци со стил се изборија и следната сезона да играат во ВМФЛ и тоа на радост на своите верни и бројни фанови – Војводи.
На Градскиот стадион во Тетеово, составот на Башкими беше убедлив против Влазерими и успеа да победи со 3:0. Па така кумановци се вратија во ВМФЛ. Инаку овој меч на почетотокот беше во прекин од неколку минути поради тоа што на еден навивач му се слоши па мораше да интервенира и брзата помош.
Во Кичево, Новаци и Вардар Неготино одиграа 1:1, а по пеналите резултатот беше 3:4 по што тимот од Неготино се пласира во ВМФЛ.
Да кажаме дека за поразените не е се загубено. Утре или задутре ќе се прави ждрепка на која две екипи од трите поразени сепак од следната сезона ќе играат во ВМФЛ.
РЕЗУЛТАТИ
Башкими – Влазерими 3:0
Осогово – Тетекс 1:6
Новаци – Вардар (Н) 1:1(3:4)