Сара Ристовска стана најдобриот стрелец во историјата на ЦСКА Москва!

294

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска влезе во историја на ЦСКА Москва. Нашата ракометарка е сопственик на два рекорди во таборот на рускиот тим.

Со последните пет гола на дуелот меѓу ЦСКА и Ристов Дон дојде до бројката од 475 гола и стана најдобриот стрелец во историјата на овој тим. Таа од врвот на листата на симна, Антонина Скоробогаченко која има 473 погодоци.

Ристовска стана и ракометарката со најмногу настапи во дресот на тимот од Москва, одигра 152 меча.

ЦСКА Москва беше поразена од Ростов Дон со 27-26 во вториот финален натпревар за 1-1 во серијата. Третиот решаваки меч е закажан за 4 јуни.

Претходно“Специјалниот“ сака со трофеј вечерва да се прости од Рома!
СледноФинале – ЛЕ: Севиља VS Рома, шпанскиот атак или „автобусот“ на Жозе!?