Тудор го напушта Марсеј и ги кажа причините

821

Хрватскиот тренер, Игор Тудор ќе го напушти Олимпик Марсеј на крајот на сезоната во француската Лига 1. Тој го презеде кормилото на тимот од „Велодром“ минатото лето, а по 37 кола Марсеј си го осигура третото место во францускиот шампионат.

„Ми беше чест да работам во овој тим, да бидам дел од ова семејство, да се сретнам со неговите фанови и да бидам во град со прекрасна енергија. Одлуката да заминам ја донесов од лични и професионални причини. Немам договор со друг клуб“, кажа Тудор на прес-конференцијата пред последниот меч против Ајачио.

ПретходноБостон нема да го отпушти тренерот, но му побегнаа сите помошници
СледноОвој човек е неверојатен: Супер Јокиќ и Денвер тргнаа со победа во финалната серија во НБА! (ВИДЕО)