Овој човек е неверојатен: Супер Јокиќ и Денвер тргнаа со победа во финалната серија во НБА! (ВИДЕО)

4124

Денвер поведе со 1:0 во финалето од плеј – офот во НБА. Утринава на свој терен, Нагетси со 104:93 триумфираа во првиот меч против Мајами.

И уште еднаш магија на Никола Јокиќ, нов рекорд, нов трипл-дабл. Иако делуваше незаинтересирано, не се ни испоти што се вели, Србинот постигна 27 поени, имаше 10 скокови и 14 асистенции.

Имаше само 12 шута од поле, но затоа од слободни фрлања беше одличен.

Ова е уште еден негов трипл-дабл во плеј-офот. Јокиќ во своето деби во едно големо финале во НБА, впиша нови рекорди.

Имено тој е самиот третиот играч во НБА кој во една сезона во плеј – офот имал 450 поени, 150 скокови и 150 асистенции, претходно тоа го направиле само Лари Брд и Леброн Џејмс.

Исто така Јокиќ е осмиот играч во историјата кој на стартот од една финална серија имал трипл-дабл.

Мајами беше уморен, Денвер одличен, па затоа Јокиќ, Џамал и другарите поведоа со 1:0. Сега се на три победи до историја, до првиот трофеј во НБА.

ПретходноТудор го напушта Марсеј и ги кажа причините
СледноСрамни сцени во Италија: Фановите го прекинаа баражот, Бреша испадна во Серија Ц! (ВИДЕО)