И официјално стартуваше обновата на најголемиот стадион во Европа, на “Камп Ноу“ во Барселона. Синоќа протекоа фотки од тоа како багери влегуваат на теренот, кој некогаш беше совршен, и го уништуваат. Секако дека така мора да биде ако се знае дека Барселона ќе го реконструира својот стадион во наредните две години кој потоа ќе изгледа поспектакуларно и кој ќе прима 105.000 места.
Во овој период, каталонската гордост ќе игра на стадионот „Монжуик“ кој може да прими само 56.000 гледачи.
Инаку целата реконструкција на “Камп Ноу“ ќе чини приближно 2 милијарди евра.
🎥 How the Camp Nou will be renovated
— Barça Spaces (@BarcaSpaces) May 30, 2023