Погледнете како трофејот за НБА првакот пристигна во Денвер! (ВИДЕО)

964

Утринава по европско време, започна финалето од плеј – офот во НБА Лигата. Денвер го победи Мајами во првиот меч и успеа да поведе со 1:0. Јокиќ уште еднаш блескаше.

Но погледнете како трофејиот за првакот пристигна во Денвер, и тоа на неверојатен начин.

Пехарот насловен како Лери О`Браен, беше донесен од страна на падобранец, кој при слетувањето и го предаде на новинарката на ЕСПН Малики Ендрјус, која го стави во својот автомобил на совозачкото седиште и го донесе во арената во Денвер.

Дури потоа масивниот трофеј, кој тежи седум килограми беше поставен во специјален “ковчег“.

Се разбира дека Американците од ништо знаат да направат големо шоу.

ПретходноМитровиќ прави сензационален транфер!
СледноХаланд: Тука ме донесоа за да освојуваме трофеи, нема зошто да криеме!